Почитувани професори по географија, Управниот одбор на Македонското географско друштво на 20. 11. 2015 година одржа состанок на кој беа разгледувани и испланирани активностите на Друштвото во следната 2016 година. При тоа беше анализирана можноста за ажурирање на членството што е согласно Статутот за работењето на Македонското географско друштво и е чекор повеќе кон поквалитетна организација на настаните што секако е во корист на наставниците, учениците и секако географијата како наша матична наука. За таа цел беа прифатени три вида на членарини и тоа: Тип 1-Основно членство во износ од 500 денари- Членска евиденција и членска картичка
- Пристап до информации на Македонско географско друштво
- Присутво на собранија на Македонско географско друштво
- Можност за учество на државни натпревари
- Присуство на семинари на Македонско географско друштво и добивање сертификат
Тип 2-Членство плус во износ од 1000 денари- Сето од основно членство
- 2 броја од списанието Географски разгледи
- Попуст од 10% за котизации за конгреси, симпозиуми и останати стручни собири организирани од Македонско географско друштво
Тип 3-ВИП членство во износ од 1500 денари- Сите привилегии од основното членство
- 2 броја од списанието Географски разгледи
- Попуст од 20% за котизации за конгреси, симпозиуми и останати стручни Собири организирани од Македонско географско друштво
- 10% попуст на работилници во организација на Македонско географско друштво
- Едно стручно географско издание по избор (учебник, билтен, зборник од конференција, симпозиум и др. )
- 10% попуст при евентуално изведување на теренска настава
Членарините се на годишно ниво и исклучиво се плаќаат на жиро сметка на Македонско географско друштво Комерцијална Банка а.д. Скопје Жиро сметка 300000001242218 Цел на дознака: членарина за 2016 година (да се потенцира и типот на членарина пр. Тип 1, Тип 2 или Тип 3) напомена: уплатите се вршат од 1.01. 2016 година и би било пожелно да бидат уплатени во период од пет месеци од почетниот датум за уплата. Почитувани професори и промотори на географијата, во заеднички интерес е да се поддржуваме взаемно и да ја продолжиме традицијата од скоро седумдесетгодишна соработка. |