Вести‎ > ‎

МГД со учество на јавна расправа за улогата на наставничките здруженија во образовниот систем на Република Македонија

posted Jan 13, 2016, 2:36 PM by МГД администратор
Во организација на Домот на просветни работници – Скопје, во соработка со Педагошкиот Факултет во Скопје и ЕЛТАМ – Асоцијација на наставници по англиски јазик на Република Македонија, а со поддршка на Министерството за образование и наука на 21. 12. 2015 година беше организирана првата стручна расправа на претставници од здруженијата на воспитно образовните кадри од предучилишното, основното и средното образование со наслов: „Улогата на наставничките здруженија во образовниот систем на Република Македонија.“ На стручната расправа се дискутираше за:
  • Влијанието на наставничките здруженија во рамките на образовниот процес и системот на образование во Република Македонија
  • Организациската поставеност на наставничките здруженија
  • Програмска усогласеност со слични здруженија во различни подсистеми на обрзование
  • Стратешко планирање на заеднички проекти и активности на подолгорочен период.


На јавната расправа беа присутни претставници од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и претставници на поголем број наставнички здруженија. Меѓу нив активно учество имаше и претставник од Македонското географско друштво кој се произнесе во врска со начинот на работење и организирање на своите активности, своите визии за идните делувања на полето на промовирање на географијата и јакнење на улогата на кариерен сервис на наставниците по географија.
Comments