Вести‎ > ‎

Ноември месец на науката

posted Sep 17, 2019, 11:16 PM by МГД администратор   [ updated Sep 24, 2019, 3:43 AM ]

Соопштение 
18.09.2019

Почитувани ученици, наставници и родители,

Ве повикуваме и оваа година да се вклучите во манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември - месец на науката“, во организација на Македонското географско друштво (МГД), Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојузот на математичари на Македонија (СММ), Македонското астрономско друштво (МАД), Скопското астроном­ско друштво (САД), Македонското еколошко друштво (МЕД), Истражувачкото друштво на студенти географи „Природник“ (ИДСГ – Природник), Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ), и Природно-математичкиот факултет (ПМФ). 

 

Настанот е наменет за учениците од основните и средните училишта и наставниците по природни науки, биологија, хемија, географија и математика. Оваа година настанот ќе се одржува на Природно-математичкиот факултет во Скопје во текот на три дена во ноември 2019 година и тоа:

·       16. ноември за ученици од I-VI одделение

·       23. ноември за ученици од VII-IX одделение и

·       30. ноември за ученици од I-IV година

и ќе вклучува повеќе настани:

- научно-популарни предавања,

- натпревар во експеримент/изработка/ симулација/модел од ученик (во понатамошниот текст – експерименти),

- презентации на искуства од наставници,

- работилници,

- посета на лаборатории на ПМФ и

- други активности. 

 

*Делот од настанот „Ноември - месец на науката“ од областа на физика за
учениците од основните и средните училишта ќе се одржи во рамките на 42. Школа
на млади физичари за која дополнителни информации за организација и пријавување наскоро ќе има на http://dfrm.org 

 

За учество на настанот секој ученик и секој ментор/наставник треба да се пријави најдоцна до 18 октомври (петок) 2019 година со пополнување на електронска пријава на: www.mgd.mk (во полето НОЕМВРИ-МЕСЕЦ НА НАУКАТА).

 

Пријавувањето ќе започне од 25. септември (среда).

 

  • Објаснување за  експериментите


Еден експеримент се изведува од еден ученик.  

Во формуларите, покрај учениците се пријавуваат и менторите со пополнување:

пријава за експерименти 16. ноември за ученици од I-VI одделение 

пријава за експерименти 23. ноември за ученици од VII-IX одделение 

пријава за експерименти  30. ноември за ученици од I-IV година 

 

Еден ментор може да пријави најмногу 3 експерименти по категорија.

Наставниците (освен како ментори) може да учествуваат со презентација со пополнување на соодветниот формулар за презентацијата даден погоре во текстот при што со една презентација се пријавува еден наставник.

 Пополнувањето на образец со опис на експериментите (на учениците) или презентацијата (на наставниците) кој може да го најдете на www.mgd.mk (во полето НОЕМВРИ-МЕСЕЦ НА НАУКАТА) треба да се испрати на e-mail: mesec.na.nauka@gmail.com  најдоцна

 

-       до 18. октомври (за основно - I - VI одд.) 

-       до 25 октомври (за основно - VII, VIII и IX одд.) и

-       до 31. октомври (за средно).

Секој поднесен опис на експеримент ќе биде рецензиран од стручна рецензентска комисија. Само позитивно оценетите експерименти ќе бидат прикажани на настанот

За дополнителни информации испратете порака на mesec.na.nauka@gmail.com

Котизацијата за учество на настанот треба да се уплати најдоцна до 31.октомври 2019 година (петок) (пример уплатница е дадена на www.mgd.mk во полето НОЕМВРИ-МЕСЕЦ НА НАУКАТА) (за групна уплата да се достави список на дадениот e-mail) и изнесува:

·            за ученик – 300 денари и вклучува учество на еден ученик со еден експеримент.  Ученик има право да се пријави на настанот без експеримент и да учествува во другите активности.

·            за наставник – 300 денари. Менторот има право да се пријави на настанот како набљудувач/слушател и да учествува во другите активности.         

Секој ученик и секој наставник кој ќе учествува на „Ноември - месец на науката“ ќе добие сертификат за учество на настанот (за изведување експеримент, учество во работилница или како набљудувач/слушател), а ќе бидат доделени дипломи и награди на најдобрите учесници на натпреварот во експериментите од одредена област, како и на нивните ментори. 

Секој ученик и секој наставник кој ќе учествува на „Ноември - месец на науката“ ќе добие сертификат за учество на настанот, а ќе бидат доделени дипломи и награди на најдобрите учесници на натпреварот во експериментите од одредена област, како и на нивните ментори. 

ЗАЕДНО ДА УЧЕСТВУВАМЕ ВО АФИРМАЦИЈА НА НАШИТЕ НАУКИ!

Со почит,

Проф. д-р Билјана Апостоловска-Тошевска, претседател на МГД 
Проф. д-р Сузана Диневска-Ќовкаровска, претседател на МБД
Проф. д-р Зоран Здравковски, претседател на СХТМ
Доц. д-р Ламбе Барандоски, претседател на ДФРМ
Проф. д-р Ѓорѓи Маркоски , претседател на СММ
Проф. д-р Олгица Кузмановска, претседател на МАД
Мартин Стојановски, претседател на САД
Проф. д-р Славчо Христовски, претседател на МЕД

Александар Стојановски, претседател на ИДСГ Природник
Алексеј Ановски, претседател на ИДСБ 

Проф. д-р Ицко Ѓоргоски, декан на ПМФ

ОПИС НА ЕКСПЕРИМЕНТ |  УПЛАТНИЦА

ĉ
МГД администратор,
Sep 24, 2019, 3:42 AM
ą
МГД администратор,
Sep 17, 2019, 11:16 PM
Comments