Вести‎ > ‎

Потпишан меморандум за соработка помеѓу град Скопје и Македонско географско друштво!

posted Jan 13, 2016, 2:44 PM by МГД администратор
Деновиве, Македонското географско друштво потпиша Меморандум за соработка со Град Скопје во врска со реализација на активностите и поддршка на натпреварите по географија во средните училишта на Град Скопје во учебната 2015/2016 година. Тоа е навистина голем успех и придобивка, бидејќи според меморандумот, градот Скопје ја презема обврската за:
  • Медиумска промоција на натпреварите кои се одржат на ниво на Скопскиот регион;
  • Обезбедување поддршка за поттикнување и мотивација на учениците од средните училишта на Град Скопје за поголемо учество на натпреварите;
  • Финансиска помош на средните училишта – домаќини на натпреварите на ниво на Скопскиот регион;
  • Обезбедување на парични награди на првите тројца средношколци кои оствариле најдобар резултат во две категории одделно на регионално ниво (Скопски регион), односно на вкупно 6 најдобро рангирани средношколци (3 од гимназиски и 3 од средни стручни училишта);
  • Организирање на завршен настан за доделување награди и сертификати на најдобрите средношколци;
  • Доделување на благодарници на менторите и на Друштвото.
За таа цел Македонско географско друштво апелира за побројно учество на учениците од средните гимназиски и стручни училишта на регионалните натпревари по географија во Скопскиот регион. Натпреварите ќе се одржат на 9. 04. 2016 година, а домаќин ќе биде СУГС „Лазар Танев“ од Скопје.
Comments