СООПШТЕНИЕ

Post date: Jul 21, 2020 7:55:58 AM

Почитувани професори по географија,

Почитувани ученици,

И покрај оптимизмот кој беше присутен дека состојбата со пандемијата ќе стивне и ќе може да ги реализираме зацртаните активности на Македонско географско друштво, за жал реалната состојба и случувањата се сосема поинакви.

Големата бројка на пласирани ученици за државниот натпревар (310 ученика) не остава можност, натпреварот да се реализира со физичко присуство, како би се добиле најреални резултати и избор на најдобрите. Мораме да постапиме како одговорни граѓани и заедно да придонесеме кон надминување на моменталната состојба.

Оттаму Ве известуваме дека оваа година државните натпревари нема да се одржат.

За сите понатамошни случувања и натпревари во следната година, дополнително ќе ве известиме.

Останете во добро здравје.

Македонско географско друштво