Драги ученици, почитувани наставници и родители,
Со големо задоволство ве покануваме да бидете дел од овогодишната манифестација за популаризација на природните науки „Ноември - месец на науката“. Главен организатор на оваа возбудлива иницијатива е Сојузот на математичарите на Македонија (СММ) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ), други учесници во организацијата се Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Македонското географско друштво (МГД), Македонското еколошко друштво (МЕД), Македонско астрономско друштво (МАД), Скопско астрономско друштво (САД).
Настанот „Ноември - месец на науката“ е отворен за сите ученици од основните и средните училишта, како и за нивните наставници по природните науки – математика, биологија, хемија и географија. Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе биде домаќин на ова научно патување, кое ќе се одвива во текот на два викенди во ноември 2024 година, и тоа:
• 23 ноември 2024 за учениции од основните училишта,
• 30 ноември 2024 за учениции средните училишта.
Настанот ќе биде збогатен со различни активности:
- научно-популарни предавања,
- натпревар во експеримент/изработка/ симулација/модел од ученик (експерименти),
- презентации на искуства од наставници,
- работилници,
- посета на лаборатории на ПМФ и
- други активности.
Секој ученик и наставник кој ќе учествува на настанот ќе добие сертификат за учество, а на најдобрите ученици на натпреварот во демонстрации, како и на нивните ментори, ќе им бидат доделени дипломи и награди.
Да се вклучиме сите заедно и да придонесеме кон популаризацијата на природните науки!
Со почит,
Проф. д-р Ѓорѓи Маркоски, претседател на СММ
Проф. д-р Зоран Здравковски, претседател на СХТМ
Проф. д-р Сузана Диневска-Ќовкаровска, претседател на МБД
Проф. д-р Христина Димеска Трајкова, претседател на МГД
Проф. д-р Славчо Христовски, претседател на МЕД
Проф. д-р Даворин Трпески, декан на ПМФ
Главни организатори
Сојуз на математичари на Македонија
Природно-математички факултет, Скопје
Контакт
Емаил адреса: mesecnanaukata2024@gmail.com
Во рамки на „Ноември - Месец на Науката“, 2024 година, ве покануваме на ден исполнет со возбудливи научни активности! Програмата за 30.11.2024 вклучува интерактивни експерименти, натпревари и инспиративни предавања од истакнати професори. Ќе имате можност да истражувате нови научни идеи, да учите преку забава и да стекнете нови знаења заедно со колеги и пријатели.
Се гледаме на настанот – подгответе се за инспирација, откритија и незаборавни моменти во светот на науката!
30.11.2024 - СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ
Програмата со активностите за 30.11.2024 може да ја симнете од следниот линк:
ПРОГРАМА ЗА 30.11.2024
23.11.2024 - ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ
Програмата со активностите за 23.11.2024 може да ја симнете од следниот линк:
Програма за 23.11.2024