МАКЕДОНСКО ГЕОГРАФСКО ДРУШТВО
MACEDONIAN GEOGRAPHICAL SOCIETY
MACEDONIAN GEOGRAPHICAL SOCIETY
News / Вести:
Државен натпревар по географија 25.4.2025 г.
Конечни резултати од реализираниот државен натпревар по географија.
Прелиминарни резултати од реализираниот државен натпревар по географија.
Рокот за приговор по прелиминарните резултати е два часа по објавувањето на резултатите (односно до 17:00 ч ).
Комисијата по приговорите ќе се произјасни во понеделник на 28.4.2025 година.
Клучеви од реализираниот државен натпревар по географија.
Известување за државниот натпревар по географија
На 25.4.2025 година (петок) со почеток во 10 часот во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе се спроведе државниот натпревар по географија.
Учениците треба да бидат во дворот на факултетот најдоцна до 9 часот, од каде што ќе бидат упатени кон просториите во кои ќе се одржи тестирањето.
Ви посакуваме многу успех!
Македонско географско друштво
Известување за презакажување на пролетниот семинар за наставниците по географија
Почитувани,
Со голема тага ве информираме дека, поради трагичната несреќа која се случи во Кочани, во знак на сожалување терминот за одржување на пролетниот семинар за наставниците по географија предвиден за 21.3.2025 година се презакажува за 4.4.2025 година.
Сите активности, предавачи и програма за семинарот остануваат исти како што беше претходно планирано. Единствената промена е датумот на одржување на настанот.
Ви благодариме за Вашето разбирање и со нетрпение очекуваме да се видиме на 4.4. 2025 година.
Со почит,
Македонско географско друштво
Пролетен семинар за наставниците по географија
Почитувани наставници по географија,
Сакаме да Ве информираме дека согласно програмските активности Македонското географско друштво во коорганизација со Институтот за географија и Центарот за кариера при Природно - математичкиот факултет во Скопје, на ден 21.3.2025 година (петок) на Институтот за географија во просторијата амфитеатар на географија бр. 305 со почеток од 10,00 часот организира пролетен семинар за наставниците по географија од основните и средните училишта.
Пријавувањето можете да го направите на следниот линк најдоцна до 19.3.2025 година.
За да ја видите целата програма за пролетниот семинар за наставници по географија, посетете го следниот линк.
Натпревари 2025
Конечни резултати од реализираните регионални натпревари по географија за Скопски регион
Скопски регион линк
Прелиминарни резултати од реализираните регионални натпревари.
Рокот за приговор по прелиминарните резултати е два часа по објавувањето на резултатите (односно до 16:30 ч ).
Комисијата по приговорите ќе се произјасни во понеделник на 10.3.2025 година.
Клучеви од реализираните општински натпревари по географија
Конечни резултати од реализираните општински натпревари по географија за Скопски регион
Скопски регион линк
Прелиминарни резултати од реализираните општински натпревари.
Скопски регион линк
Рокот за приговор по прелиминарните резултати е два часа по објавувањето на резултатите (односно до 16 ч ).
Комисијата по приговорите ќе се произјасни во петок на 7.2.2025 година.
Клучеви од реализираните општински натпревари по географија
Почитувани професори по географија,
Согласно програмата за работа на Македонско географско друштво, во 2025 година ќе се
реализираат натпреварите по географија за средните училишта.
Пријавувањето на учениците за натпреварот може да го направите на следниот линк најдоцна до 20.1.2025 година.
Официјален меил за кореспонденција: mgdnatprevari@gmail.com
Датум за натпревари по географија, 2025
06.02.2025 (четврток) општински натпревари
07.03.2025 (петок) регионални натпревари
25.04.2025 (петок) државни натпревари
Содржини по натпревар:
Средно гимназиско образование: содржините по географија за прва година гимназиско образование
- општински натпревар: заклучно со содржините за биосфера
- регионален натпревар: содржините до стопанство
- државен натпревар: цел материјал
Средно гимназиско образование: содржините по географија за втора година гимназиско образование
- општински натпревар: заклучно со содржините за биогеографски карактеристики
- регионален натпревар: содржините до стопанско-географски карактеристики
- државен натпревар: цел материјал
Средно гимназиско образование: содржините по географија за трета година гимназиско образование
- општински натпревар: заклучно со антропогени одлики
- регионален натпревар: заклучно со материјалот за економски одлики
- државен натпревар: цел материјал
Средно стручни училишта од соодветниот учебник, кој се користи во наставата.
Начин на реализација
Натпреварите ќе се реализираат со физичко присуство.
Годишната членарина секој ментор треба да ја регулира заклучно со 01.03.2025 година.
Со почит,
Македонско географско друштво
Proceedings from VIth CONGRESS OF MACEDONIAN GEOGRAPHERS 2024
Geographical Reviews, tome 56-57