International Year of Global Understanding (IYGU)

ШTO E IYGU?   линк до веб страната на IYGU

Ова поглавје ќе ви овозможи информации за целите, главните предизвици и клучните пораки на иницијативата на IYGU кои настојуваат да дадат одговор на целите и предизивиците. Исто така, ќе добиете преглед на очекуваните резултати од иницијативата на IYGU и тековните активности.

IYGU ПРОГРАМА

IYGU ги поврзува локалните акции со глобалните предизвици

IYGU се фокусира на глобалната одржливост на локалното делување

IYGU ги препознава различните културни приоди кон глобалната оджливост

Меѓународната година на глобално разбирање (IYGU) се однесува на начините на кои живееме во се повеќе глобализираниот свет. Како ја трансформираме природата? Како да изградиме нови општествени и политички односи во услови на растечка глобална реалност? Општеството и културата одредуваат како живееме со природата и како ја обликуваме. Влијаат на тоа како ги гледаме глобалните последици од нашите секојдневни активности. Мораме да разбереме што значат нашите секојдневни активности за светот како целина, како би ги надминале глобалните предизвици.

 

IYGU ПРЕДИЗВИЦИ

ГЛОБАЛНА ПРОМЕНА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Нашата животна средина се менува на многу начини и во неочекувани размери: климатски промени, изумирање на биолошката разноликост и екосистемите, зголемена зачестеност и интензитет на екстремните случувања, дезертификација и деградација на почвите, прекумерен риболов, сечење и кршење на шумите се само некои од многуте предизвици во животната средина со кои сме соочени.

ЗНАЕЊЕ

Потребно е да се унапреди нашето разбирање како за процесите на Земјата, така и за општествено-културниот контекст на човековото делување. Исто така, мора да се зајакне значењето, користењето и општественото прифаќање на постојното знаење. Иако понекогаш постои недостаток на свест за глобалните последици од секојдневниот живот, ефикасното претворање на знаењето во акција најчесто доведува до јаз помеѓу знаењето и делувањето – уште еден предизвик со кои  IYGU иницијативативите се обидуваат да се справат. Исто така, значајна е и подобра интеграција на различни видови познвања во процесот на создавање знаење. Пристапот на IYGU е трансдисципинарен во настојување за интеграција на академското знаење од сите дисциплини (општествени и природни науки, како и химанистички науки), сите видови на знаења (научно, автохтоно, локално, традиционално итн.) и сите заинтересирани страни (донесувачите на одллуки, невладини организации, претпријатија, засегнатата јавност итн.).

ПРОМЕНА НА ГЕОГРАФСКИТЕ ОБЛАСТИ – ГЛОБАЛЕН ДОМЕТ НА ЛОКАЛНИ АКЦИИ

Во текот на последните десетлетија, просторно-временските услови во сечиј живот непосредно или посредно драстично се промениле. Со развојот на дигиталната револуција, општествено-културните случувања (барем потенцијално) се со глобален домет како и последиците од човековата трансформација на природната стварност. Со глобалните промени и глобализација во секојдневниот живот соочени сме со ситуација без преседан. Општо кажано, доживуваме несакани последици од решавањето на проблемите во текот на 19 и 20 век. Соочени сме со глобалните климатски промени како и глобалните општествени промени кои се нераздвојно поврзани.

НАУЧНО-ПОЛИТИЧКО СОДСЕЈСТВО

Меѓутоа, политичките институции не се спремни на оваа конструкција. Нашите политички институции и понатаму се (воглавно) со национален досег. За да се надмине празнината помеѓу глобалните проблеми и националната стратегија на решавање проблеми, треба да се негува глобалното разбирање и да се подобри меѓународната соработка во поглед на политиката која се занимава со климатските проблеми и глобалните прашања. Освен тоа, и без обзир на просторната рамка, постои голема потреба за подобрување на резултатите од истражувачките наоди за глобалните промени и истражувањата за одржливоста во ефикасна политика која ќе ги спречи најлошите последици од незаслабнетите глобални промени во околината. Меѓународната соработка и националните мерки мораат да бидат усогласени за се добијат најдобите резултати за општеството и екосистемите.

 

IYGU КЛУЧНИ ПОРАКИ

ПОВРЗУВАЊЕ НА ГЛОБАЛНОТО СО ЛОКАЛНОТО

Светот се соочува со социјални, културни и економски промени, како и промените на климата. Човековите постапки имаат клучна улога во создавање на таквите промени во светот. Меѓутоа, човековото делување исто така овозможува решенија. Ако поединците знаат што значат нивните секојдневни рутински постапки за планетата, можат да преземат соодветни мерки. Глобалното разбирање помага во надминување на јазот помеѓу знаењето и делувањето и ги поддржува политичките одлуки кои ја промовираат одржливоста.

ЧОВЕЧКИТЕ НАВИКИ

Глобалните предизвици бараат брзо делување, но треба да се земе во предвид поставувањето цели и политичко делување. Не можеме да си дозволиме чекање на одлуките на идеално надлежно тело или Глобално надлежно тело – тоа можеби никогаш нема да се случи. Поединците бираат, гласаат, водат политика на локално, регионално и национално ниво. Распространето глобално разбирање вградува свест за глобалните последици на изборот на поединецот. Иницијативата на IYGU е постигнување одржлива промена која почнува од најниско ниво.

НАУКАТА И СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ

Глобалното разбирање повикува на помирување на глобалното и локалното, на науката и секодневниот живот. IYGU се фокусира на главните дневни активности како што се храната, пијалоците, домувањето, работата, патувањето и комуникацијата. Зошто сме направиле таков избор? Кои општества– богатите и сиромашните - направиле повеќе глобално одржливи избори? Природните и општествените научници ќе дадат одговори.

ОДРЖЛИВОСТ И ГЛОБАЛНОТО РАЗБИРАЊЕ

Глобалната одржливост не може да се случи без локалната одржливост. Акциите и мислите за кои се чини дека се одвоени во просторот и времето често се суштински поврзани. Вистинското глобално разбирање им овозможува на луѓето да создадат таква поврзаност. Многу луѓе се свесни за потребата од одрживост, но мал дел од нив донесуваа соодветни одлуки. Главна цел на IYGU е промовирање на глобалното разбирање, како постапките и одлуките би донеле одрживи резултати, секој ден во секој дел од светот.

КАКО ТОА ДА СЕ НАПРАВИ?

IYGU има за цел да овозможи суштински, но и делотворни увиди во тоа како сите народи можат да живеат заедно на одржлив начин. Акцентот ќе биде ставен на развој на стратегија за целни локални проекти со глобален домет. Со тоа се поврзани три елементи: истражување, образование и информации. Истражувањата ќе ги поврзат научниците во разбирање на глобалното влијание на секојдневните локални активности поврзани со културата, општеството, стопанството и природата. Иницијатаивата ќе ги зајакне bottom-up движењата на политиката за секојдневни одржливи активности. IYGU ќе овозможи информации и ќе ја промовира размената на знаења со цел да се зголеми јавната свест преку публикации, компјутерски игри, ТВ програми итн.

IYGU РЕЗУЛТАТИ

ПРИДОНЕСИ ЗА ОН

IYGU се занимава со клучните прашања од Повелбата на Уставот на ОН. Има за цел јакнење на меѓународната соработка преку припрема на нова стратегија за соочување со глобалните предизвици.

ПРИДОНЕСИ ЗА UNESCO

Подоброто глобално разбирање ја поддржува економската, социјалната, културната и хуманистичката соработка. Новото ниво на цели за научната соработка ќе произведе современи образовни модули

IYGU ќе промовира практични начини кон глобалното разбирање на културните и социјалните импликации во новите географски услови за живот и новата глобална стварност.

ПРИМЕНА НА ИНИЦИЈАТИВАТА НА ОН

Рамките на IYGU придонесуваат кон иницијативата на ICSU-ISSC Future Earth и настојува да ја поддржи имплементацијата на Декларацијата Rio+20

За остварување на милениумските развојни цели на ОН, ние мора да бидеме сигурни дека глобално ја делиме одговорноста за нашите животни услови

IYGU ќе го надополни исходот на UN Decade of Education for Sustainable Development (ESD) 2005-2014 фокусирајќи се на практичните начини за имплементација на клучните резултати во секојдневието.

IYGU ќе овозможи одржливо образование и јавни информации, воспоставувајќи процеси за вградување на најважните резултати на ESD во навиките на идните генерации.

ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА НАОДИТЕ ОД ОСТАНАТИТЕ МЕЃУНАРОДНИ ГОДИНИ НА ОН

IYGU ќе ги промовира наодите од други релевантни Меѓународни години, вклучувајќи:

Меѓународна година на планините (2002)

Меѓународна година на пивките води (2003)

Меѓународна година на планетата Земја (2008)

Меѓународна година на биодиверзитетот (2010)

ОД МЕДИУМИТЕ

СТРУКТУРА

IYGU програм ќе биде под водство на водечки светски научници од општествените и природните науки, филозофијата и хуманистичките науки.

НАСТАНИ

Календар на настани

ПАРТНЕРИ

Парнери на IYGU

Иницијативата е под покровителство на институции од глобален домет, но и локални партнери. Замислата е остварување на широка мрежа на организации кои би работеле заедно со цел да се остварат целите поставени во годинешниот план. Во текот на целата година се соберат научници од широк спектар на дисциплини, од хуманистички, општествени и природни науки, како и инженерството.

ПРИМЕРИ ОД ПРАКСАТА

ДОКУМЕНТИ

КОНТАКТ 

Проф. д-р Билјана Апостоловска Тошевска biljana.apostolovska@gmail.com

Доц. Д-р Свемир Горин, svemirgorin@gmail.com

М-р Марија Љакоска ljakoska.marija@yahoo.com

AКТИВНОСТИ НА МАКЕДОНСКО ГЕОГРАФСКО ДРУШТВО ПОВРЗАНИ СО IYGU ВО 2016 ГОДИНА

Годишен извештај за активностите на Македонско географско друштво поврзани со IYGU Извештај Македонски | Report English

СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ Куманово - Флаер Презентација

ОУ- Стојан Бурчевски-Буридан - Презентација