Натпревари 2023

Post date: Apr 20, 2018 1:22:36 PM

Почитувани,

Ве известуваме дека државниот натпревар по географија ќе се одржи во сабота, 13.05.2023 година, со почеток во 10 часот.

Учениците треба да бидат пред горната зграда на ПМФ, најдоцна во 9 часот.

Македонско гегорафско друштво


Почитувани професори по географија,

Согласно програмата за работа на Македонско географско друштво, во 2023 година ќе се реализираат натпреварите по географија за средните училишта.

Повелете информации за датумот на реализација, содржините, начинот на реализација, условите за учество.

Пријавувањето на учениците за натпреварот може да го направите на следниот линк 

Најдоцна до 31 декември 2022 година.


1. Датум за натпревари по географија, 2023

- општински натпревар 28 јануари 2023 (сабота)

- регионален натпревар: 24 март 2023 (петок)

- државен натпревар: 13 мај 2023 (сабота)


2. Содржини по натпревар

Средно гимназиско образование: содржините по географија за прва година гимназиско образование

- општински натпревар: заклучно со содржините за биосфера

- регионален натпревар: содржините до стопанство

- државен натпревар: цел материјал

Средно гимназиско образование: содржините по географија за втора година гимназиско образование

- општински натпревар: заклучно со содржините за биогеографски карактеристики

- регионален натпревар: содржините до стопанско-географски карактеристики

- државен натпревар: цел материјал

Средно гимназиско образование: содржините по географија за трета година гимназиско образование

- општински натпревар: заклучно со антропогени одлики

- регионален натпревар: заклучно со материјалот за економски одлики

- државен натпревар: цел материјал

Средно стручни училишта од соодветниот учебник, кој се користи во наставата.


3. Начина на реализација

Натпреварите ќе се реализираат со физичко присуство.


4. Услови за учество

Членство и котизација

Ве замолуваме како ментори да го регулирате Вашето членство во Македонско географско друштво за следната 2023 година. Сите информации за уплата на членство може да најдете на страната на Македонско географско друштво www.mgd.mk

Македонско географско друштво

Комерцијална Банка а.д. Скопје

Жиро сметка 300000001242218

Цел на дознака: членарина за 2023 година (да се потенцира и типот на членарина пр. Тип 1, Тип 2 или Тип 3)


Секој ученик како учесник на регионалниот и државниот натпревар треба да ја регулира својата котизација:

За регионален 200 денари и за државен натпревар износ од 300 денари. За учество на општинските натпревари не е потребна котизација.

Македонско географско друштво

Комерцијална Банка а.д. Скопје

Жиро сметка 300000001242218


Цел на дознака: котизација за (регионален или државен натпревар) и име и презиме на ученик


Со почит,
Доц. д-р Христина Димеска Трајкова
Претседател на Македонско географско друштво

__________________________________________________________________________________