ИЗВЕСТУВАЊЕ:


Конечни резултати од Државниот натпревар по географија

Средно гимназиско образование: прва година, втора година, трета година

Средно стручно образование: прва година

Тестови и клучеви од Државниот натпревар по географија


Резултати од регионалните натпревари по географија за Скопски регион.

Рокот за приговор по прелиминарните резултати е  два часа по објавувањето на резултатите (односно до 18ч ).
Комисијата по приговорите ќе одговори во понеделник на 04.03.2024 година.


Клучеви од реализираните регионални натпревари по географија


Резултати од општинските натпревари по географија за Скопски регион.

Рокот за приговор по прелиминарните резултати е  два часа по објавувањето на резултатите (односно до 18ч ).
Комисијата по приговорите ќе се произјасни во понеделник на 05.02.2024 година.


Клучеви од реализираните општински натпревари по географија




Почитувани,

Општинските натпревари по географија за средните училишта ќе се одржат на 02.02.2024 (петок) со почеток од 10 часот.

Материјалите за натпреварите се објавени на веб страната на Македонско географско друштво.

Натпреварот ќе трае 60 минути.

За прашања поврзани со локацијата и местото на одржување на натпреварите, учениците може да се обратат кај регионалните координатори.

Македонско географско друштво



Почитувани професори по географија,


Согласно програмата за работа на Македонско географско друштво, во 2024 година ќе се

реализираат натпреварите по географија за средните училишта.

 

Пријавувањето на учениците за натпреварот може да го направите на следниот линк најдоцна до 15.1.2024 година.

Официјален меил за кореспонденција: mgdnatprevari@gmail.com


 

02.02.2024 (петок) општински натпревари
01.03.2024 (петок) регионални натпревари
26.04.2024 (петок) државни натпревари


 

Средно гимназиско образование: содржините по географија за прва година гимназиско образование

- општински натпревар: заклучно со содржините за биосфера

- регионален натпревар: содржините до стопанство

- државен натпревар: цел материјал

 

Средно гимназиско образование: содржините по географија за втора година гимназиско образование

- општински натпревар: заклучно со содржините за биогеографски карактеристики

- регионален натпревар: содржините до стопанско-географски карактеристики

- државен натпревар: цел материјал

 

Средно гимназиско образование: содржините по географија за трета година гимназиско образование

- општински натпревар: заклучно со антропогени одлики

- регионален натпревар: заклучно со материјалот за економски одлики

- државен натпревар: цел материјал

 

Средно стручни училишта од соодветниот учебник, кој се користи во наставата.

 

Натпреварите ќе се реализираат со физичко присуство.

 

Годишната членарина секој ментор треба да ја регулира заклучно со 01.03.2024 година.

 

Со почит,

Доц. д-р Христина Димеска Трајкова

Претседател на Македонско географско друштво