Потпишан Меморандум за соработка со IYGU

Post date: Jul 22, 2016 9:54:23 AM

Македонското географско друштво потпиша Меморандум за соработка со IYGU (International Year of Global Understanding) и со тоа стана еден од Регионалните Центри во Европа на IYGU.

Во периодот што следи (2016 и 2017 година) МГД ќе промовира активности поврзани со глобалното разбирање. Главна цел е зголемување на јавната свест кај поединецот за тоа како локалните делувања во секојдневниот живот (односот кон природата, општеството, културата) имаат глобално влијание.

Очекуваме професорите по географија да бидат дел од овој проект помеѓу МГД и IYGU.

Повеќе информации до крајот на следната недела ќе може да најдете на нашата интернет страна: линк до целата информација