ПРОФ. Д-Р АЛЕКСАНДАР СТОЈМИЛОВ - ПО ПОВОД 50 ГОДИНИ НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКА, ЕДУКАТИВНА И СТРУЧНА РАБОТА

Post date: Sep 18, 2016 12:33:5 AM

ПО ПОВОД 50 ГОДИНИ НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКА, ЕДУКАТИВНА И СТРУЧНА РАБОТА

(1965 – 2015)

 Проф. д-р Александар Стојмилов е роден на 18.01.1941 година во село Бели, кочанско. По завршувањето на основното и средното образование, се запишува на студии на Природно-математичкиот факултет во Скопје на групата географија кои со одличен успех ги завршува во предвидениот рок за што бил награден од Деканатот на факултетот. Понатамошното стручно усовршување го продолжува со успешната одбрана на магистерскиот труд „Могуħности за развитак туризма на македонским језерима” на Природно-математичкиот факултет во Белград на насоката туризам во 1967 година. Во меѓувреме работел како професор во Економското училиште во Кочани и во Катлановската Бања.

Универзитетската кариера ја започнува 1968/69 година кога е избран за асистент на Институтот за географија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Како магистар по географски науки во 1971 година е избран за предавач по предметот Основи на географијата, а напоредно изведува  теренски истражувања за изготвување на докторската дисертација „Туристички вредности на македонските планини” која е одбранета во 1974 година. Во наредната учебна година е избран за доцент по предметите Основи на географијата и Посебна стопанска географија. Во 1980 година е избран во звањето вонреден професор додека во 1985 година е избран за редовен професор.

На Институтот за географија предавал повеќе предмети меѓу кои Географија на Македонија и Географија на Европа, а ангажиран е и како професор на  насоката за Етнологија. При основањето на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид  изведувал настава од туристичка географија. На насоката од постдипломските студии просторно планирање на Природно-математичкиот факултет во Скопје го покривал тематското подрачје на терцијарните дејности во просторното планирање и истовремено на факултетот во Охрид на постдипломските студии држел предавања по предметот туристичка валоризација.

Професорот Стојмилов бил на повеќе студиски престои и научни усовршувања во повеќе странски центри: Краков - Полска, Вороњеж - Украина, Софија - Бугарија, Малага -Шпанија, Братислава -Словачка и други. Со реферати учествувал на IX, X, XI, XII, XIII, XIV -ти конгрес на географите од Југославија, поднесол воведен реферат на I Конгрес на географите од Република Македонија, учествувал со соопштение на Светскиот конгрес на географите во Москва, како и на други бројни научни средби, симпозиуми, семинари и советувања во земјата и странство на кои се јавувал како организатор и член на одборите за нивното одржување.

           Се истакнува и со мошне активна општествена дејност. Бил одборник во Собранието на град Скопје, потоа член на Републичкиот комитет за заштита на човековата средина и потпретседател на Комисијата за наука на овој Комитет, делегат во Републичкиот СИЗ за наука и претседател на Одборот за издавачка дејност, член на Републичкиот комитет за општостопански работи, пазар и цени, претседател на СИЗ за култура на општина Гази Баба, потпретседател и претседател на Туристичкиот сојуз на град Скопје, претседател на Туристичкиот сојуз на Македонија, секретар и претседател на Македонско географско друштво на Македонија, два мандата продекан на Природно-математичкиот факултет во Скопје, продекан и декан на Географскиот факултет, два мандата декан на Природно-математичкиот факултет, проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, претседател на Педагошкиот совет на Република Македонија, член на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, претседател на АКУД „Мирче Ацев“, главен и одговорен уредник на географското списание „Географски разгледи”, член на редакциите на списанијата „Туризам” во Загреб и „Демографија”, Белград, редактор во редакцијата на Македонската енциклопедија на МАНУ и др.

За досегашната работа има добиено повеќе одликувања, како и Орден на трудот со златен венец. За време додека бил декан на Факултетот ги организирал студиите по етнологија и информатика, а како проректор на Универзитетот, активно учествувал во формирањето и отворањето на факултетите за фармација и ветерина, Воената академија, а во 2006 година, како претседател на Матичната комисија, и на Факултетот, а подоцна и на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

Активно учествувајќи во изработката на двата просторни плана на Република Македонија, како и во изготвувањето на 12 просторни планови за одделни општини во Македонија, не само што се афирмирал како географ - просторен планер туку ја афирмирал и географијата во просторното планирање. Досега има објавено повеќе од 200 труда, и тоа главно од областа на туристичката географија и туризмот, потоа од стопанската географија на Македонија и просторното планирање. Има објавено неколку учебници за средно образование и 6 учебника за високото образование. Под негово менторство се одбранети 7 докторски дисертации и 16 магистерски труда.

 

Професорот Стојмилов во животниот пат зад себе има плодна, обемна и разновидна наставно-педагошка и научно-истражувачка работна активност која ја красат исклучително значајни и вредни достигнувања. Неговата стручно-научна дејност за македонската географија, но и во поранешните југословенски рамки, представува не само трајно богатство на нови сознанија туку и на оригинални идеи и мисли во географската литетратура.

Високо професионалниот приод, работната дисциплина проследена со темелност и систематичност, заокружени во еден строго селектиран проблемски пристап во одделните животни и работни фази резултираат со научни трудови речиси од сите географски дисциплини. Врвни достигања славеникот има остварено во доменот на стопанската и социоекономската географија, а како основоположник на туристичката географија отвора нови модерни хоризонти во теориско-методолошките и апликативните дострели на географската наука во целина. Не помалку значајни се неговите трудови и од хидрографијата, посебно студиите за глацијалните езера и термоминералните извори.

             Трудољубивоста, неисцрпната работна енергија заедно со богатото теориско знаење и смислата за практична примена на научните резултати му овозможија на професорот Стојмилов да напише бројни трудови, соопштенија, реферати и елаборати кои се печатеини во домашните и странските научни списанија и презентирани на стручни собири во балканските и европските научни средини. Така тој тесно соработува со Министерството за стопанство (комитетот за туризам), Стопанската комора, Институтот за просторно планирање и др., а свои трудови објавува во Москва, Варшава, Софија, Виена, Минхен, Лајпциг и други светски центри.

 За  богатата и разновидна општествена, научноистражувачка, наставно-педагошка и апликативна дејност наградуван е со повеќе награди и признанија меѓу кои и високото државно одликување Орден на трудот со златен венец.

Тој ваквата дејност неуморно и успешно ја продолжува и денес. Активно соработува во унапредувањето и усовршувањето на наставно-образовниот процес на сите нивоа, особено во учебникарството. Сестраниот интерес и значењето на досегашната професионална активност на професор Стојмилов најдобро го илустрира обемниот опус на трудови приложени во библиографијата.

 БИБЛИОГРАФИЈА НА ПЕЧАТЕНИ НАУЧНИ И СТРУЧНИ ТРУДОВИ И ИЗГОТВЕНИ ЕЛАБОРАТИ ЗА ПРАКТИЧНИ И НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКИ ЦЕЛИ

 

1.        Нове могуħности за финансирање туристичке привреде. „Нова трговина”, Београд, 1965, стр.318-320.

2.        О приватним угоститељсрву у СР Македонији. “Нова трговина”, Београд, 1965. Стр.342-344.

3.        Катлановска Бања. “Синерама”, Југословенско илустрирано списание. Бр.3, Скопје, 1968, стр.21-23.

4.        Могуќности за развитак туризма на македонским језерима. Магистерска работа, Природно-математички факултет, Београд, 1967, стр.1-230.

5.        Транзитна ориентација и сезонска концентрација – две основни карактеристики на странскиот туристички промет во СР Македонија, Годишен зборник на Географски Институт, ПМФ, кн.17, Скопје, 1969, стр.213-230.

6.        Современи процеси и промени во афричките колонии. Географски разгледи, кн.6, Скопје, 1969, стр.105-112.

7.        Производство на обоени метали во СР Македонија. Географски разгледи, кн.6, Скопје, 1969, стр.125-127.

8.        Туристички мотиви на Гостиварско-мавровскиот крај и можности за нивно активирање. Гостиварски крај, Собрание на општина Гостивар, Скопје, 1969, стр.311-349.

9.        Физичко-географски карактеристики на Кочани. Кочани-монографија. Собрание на општина Кочани, Скопје, 1970, стр.11-24.

10.     Катлановска Бања, туристичко-географски проучувања. Географски разгледи, кн.7, Скопје 1970, стр.75-103.

11.     Стопански-географски преглед на трговската размена на Југославија со земјите членки на европските економски групации. Географски разгледи, кн.7. Скопје, 1970, стр.159-164.

12.     Некои основни географски параметри на неразвиените подрачја во СР Македонија. Географски разгледи, кн.7, Скопје, 1970, стр.186-188.

13.     Црногорското приморје како посебен туристички регион. Географски видик, бр.1, Скопје, 1970, стр.96-110.

14.     Хидромелиоративен систем “Тиквеш”. Природа, бр.2, Загреб, 1970, стр.30-34.

15.     Должина на туристичката сезона кај македонските езера и нејзината денешна искористеност. I Собир на угостителските и туристичките работници во СР Македонија, Скопје, 1970, стр.72-82.

16.     Туристички места во СР Македонија (на македонски, српски и четири странски јазици). Стопанска комора на СР Македонија, Скопје, 1971, стр.1-8

17.     Дебарски Бањи – Бањиште и Косоврашка Бања. Географски разгледи, кн.8-9, Скопје, стр.113-140.

18.     Основни стопански-географски карактеристики на надворешно-трговската размена на СР Македонија. Географски разгледи, кн.10, Скопје, 1972, стр.85-94.

19.     Значај викенд насеља за урбанизацију простора туристичких региона у Македонији. I Југословенски симпозиум за географију и туристичку праксу, Аранѓеловац, 1972, стр, стр.81-107.

20.     Природни туристички мотиви во скопскиот регион. Географски видик, бр.2-3, Скопје, 1972, стр.5-16.

21.     Туристичко-географска карта на јадранскиот брег. Фотомонографија Сунчани Јадран (на четири странски јазици), Сојузна стопанска комора, Београд, 1972.

22.     СР Македонија, туристички места (на четири странски јазици). Стопанска комора на СР Македонија, Скопје, 1972, стр.1-7.

23.     Водостопаснка основа на СР Македонија, секторска студија за туризам и рекреација. Завод за водостопанство на СР Македонија, Скопје, 1972, 1-30

24.     Бањи во СР Македонија. Туристички сојуз на Македонија. Скопје, 1972, стр.1-15.

25.     Езера во СР Македонија. Туристички сојуз на Македонија, Скопје, 1972, стр.1-10.

26.     Просторен план на општина Тетово, секторска студија за туризам (во коавторство со Д. Јеремиќ и Ј. Векиќ). Дирекција за просторно планирање Охрид-Скопје, 1974.Просторен план на општина Гостивар, секторска студија за туризам (во коавторство со   Д. Јеремиќ и Ј. Векиќ). Дирекција за просторно планирање Охрид-Скопје, 1974.

27.     Просторен план на општина Дебар, секторска студија за туризам (во коавторство со Д. Јеремиќ и Ј. Векиќ). Дирекција за просторно планирање Охрид-Скопје, 1974.

28.     Просторен план на општина Крушево, секторска студија за туризам (во коавторство со Д. Јеремиќ и Ј. Векиќ). Дирекција за просторно планирање Охрид-Скопје, 1974.

29.     Просторен план на општина Гевгелија, секторска студија за туризам (во коавторство со Д. Јеремиќ и Ј. Векиќ). Дирекција за просторно планирање Охрид-Скопје, 1974.

30.     Просторно уредување на пошироката околина на Катлановска Бања и с. Катланово. Завод за урбанизам и станбено-комунална техника на СР Македонија, (во коавторство со В. Граматниковски), Скопје, 1974.

31.     Туристички вредности на термоминералните и минералните извори во Скопската Котлина. Географски видик, бр.5, Скопје 1975.

32.     Андалузија, туристичко-географски мозаик. Географски видик, бр.5, Скопје, 1975.

33.     Рецептивни можности за развој на конгресниот туризам во Скопје и Охрид. Зборник на југо-словенскиот симпозиум за проблемите и можности за развој на туризмот во главните градови на социјалистичките републики и покраини и другите поголеми градови. Скопје, 1975. Стр.181-190. (во коавторство со М. Бајрактаревиќ)

34.     Македонија, туристичка едиција на четири странски јазици. Стопанска комора на СР Македонија, Скопје, 1975.

35.     Туристички интинерери во СР Македонија, на четири странски јазици (во коавторство со Г. Милевски и Д. Каранфиловски). Скопје, 1975.

36.     Turist sights in Macedonia, Comercial exhibition, Skopje – Bratford, 1974, стр.13-18.

37.     Функционална условлјеност и зависност измеѓу атрактивно-рекреативних елемената, видова туристичог промета и смештајних капацитета. Југословенски географски симпозиум, Географија ин регионално просторско планиранје, 1975, Географица Словеница 5, Љубљана, 1977.

38.     Положба и развојни можности на рекреативниот туризам во Скопје. Туристички сојуз на град Скопје, (во коавторство со М. Бајрактаревиќ), Скопје, 1975.

39.     Наставна програма по географија за училиштата од II степен. Завод за школство на СР Македонија, Скопје 1972.

40.     Наставна програма по предметот Основи на туризмот за завршните класови на гимназиите. Завод за школство на СР Македонија, Скопје, 1975.

41.     Наставна програма по предметот Сообраќајна и туристичка географија. Завод за школство на СР Македонија, Скопје, 1975.

42.     Туристички вредности на планините во СР Македонија. Годишен зборник на ПМФ, кн.21, Скопје, 1975, стр.105-201.

43.     Струмичка Бања. Географски разгледи, кн.13. Скопје, 1975, стр.17-27.

44.     Атрактивно-рекреативни карактеристики и туристички локалитети на планината Осогово-просторно планерски проучувања. Годишен зборник на Географскиот факултет, кн.22, Скопје 1976, стр.31-55.

45.     Хипсометриски карактеристики на планините во СР Македонија. Географски разгледи, кн.14, Скопје 1976, стр.17-27.

46.     Состојбата на природните реткости во СР Македонија и степенот на нивната заштитеност. Зборник на трудови од републичкиот симпозиум “Туризам и заштита на животната средина”, (во коавторство со Б.Гелески), Скопје, 1976, стр.37-46.

47.     Материјалната база на туризмот во неразвиените општини во СР Македонија. Зборник на трудови од републичкиот симпозиум „Туризам и заштита на животната средина”, Скопје, 1976, стр.91-99.

48.     Препад висот как основнои фактор различи и размешение Ô зимних туристичких центров. XXIII международни конгрес. Географи туризма и отд ха. Москва, 1976, стр.113-114.

49.     Диференцијација и просторна локација постојечих и потенцијалних туристичких локалитета на високим планинама у СР Македонији. Зборник Х јубиларног Конгреса географа Југославије, Београд, 1977, стр. 309-313.

50.     Просторен план на СР Македонија, секторска студија за површинско-хипсометриските карактеристики на релјефот на СР Македонија. Дирекција за просторно планирање, Скопје, 1976.

51.     Туристички вредности на пелистерскиот и јакупичкиот планински туристички регион. Годишен зборник на Географскиот факултет, кн.23, Скопје, 1977, стр.7-95.

52.     Основи на туризмот, учебник за IV клас на гимназиите, (во коавторство со Д.Каранфиловски). Просветно дело, Скопје, 1977-во 1979 година преведен на Албански и Турски јазик, стр.1-172.

53.     Просторен план на СР Македонија, II елемент, фаза валоризација, Институт за просторно планирање, Скопје, 1977.

54.     Негорска Бања. Географски разгледи, кн.15-16, Скопје, 1978, стр.67-68.

55.     Методологија за просторно-планерска разработка на потенцијалните туристички простори во СР Македонија. Институт за просторно планирање, Скопје, 1978, стр.1-8.

56.     Просторен план на Источна Македонија, секторска студија за туризам, (во коавторство со Ј.Векиќ), Институт за просторно планирање, Скопје, 1978, стр.1-128.

57.     L'influence du tourizme sur habitat rural outour du lac Ohrid. Transformation of rural areas. Proceedings of the 1-st. Polisch-Yugoslav Geographical Seminar, Ohrid 1975. Polish academy of sciences, Warszawa, 1978, str.62-68.

58.     La recreation et son infuence sur la transformation de la zone de banlieue de Skopje. Proceedings of the 2-st. Yugoslav-Polisch Geographical Seminar, Warszawa, 1978.

59.     Geographische Grundzuge der SR Makedonien unter besonderer Berucksichtigung des Ohrid-Struga-Gebietes, Charakteristika des Fremdenverkehra, Muncher studien zur social und wirtschaftsgeographie, Band 20, Regensburg, 1980.

60.     Freieitwohnsitz-Siedlungen in Makedonien. Munchner studien zur sozial-undwirtschaftsgeographie, Band 20, Regennsburg, 1980.

61.     Дефинирање и намена на туристичките просторни единици во Источна Македонија. Географски разгледи, кн.17, Скопје, 1979, стр.111-128.

62.     Значењето на географијата за просторното планирање и потребата од поголема застапеност на географските основи на просторното планирање на наставата по географија. Зборник на трудови од IV Југословенски симпозиум за проблемите на наставата по географија, Охрид, 1978, Скопје, 1979, стр.136-142.

63.     Просторен план на СР Македонија, секторска студија за наклонот и ориентацијата на земјиштето во СР Макединија, (во коавторство со Д.Манаковиќ и Т.Андоновски). Институт за просторно планирање, Скопје, 1979, стр.1-30.

64.     Просторен план на СР Македонија, секторска студија население и стопански развој, (во коавторство со Д.Јеремиќ, Ј.Векиќ и Б.Васиљевиќ). Институт за просторно планирање, Скопје, 1979, стр.1-92.

65.     Просторен план на СР Македонија, секторска студија за туризам, (во коавторство со Ј.Векиќ). Институт за просторно планирање, Скопје, 1979, стр. 1-120.

66.     Просторен план на општина Т.Велес, секторска студија за туризам, (во коавторство со Д.Нејков и Г.Чинговски). Факултет за туризам и угостителство, Охрид и Институт за просторно планирање, Скопје, 1979, стр.1-40.

67.     L'influence du tourizme sur la revitalisation de habitats rustique dans les espaces alpestres en SR Macedoine. International simpozium, tourizme-factor for national and regional development, Sofia, 1975, International geographical union, Sofia, 1979. str.295-300.

68.     The Socialist Republic of Macedonia, Social Geographical and Economic Geographical transformation in the post-wer period. Geographica Jugoslavica, vol.2, Titograd, 1980. str.157-164 (so M.Panov).

69.     Концепт за развој на туризмот во СР Македонија за период од 1981-1985 година. Републички комитет за туризам. Скопје, 1980. стр.1-22 (во коавторство со Д.Јеремиќ).

70.     Туризмот во среднорочниот план за развој на СРМ за период од 1981-1985 година. Републички комитет за туризам. Скопје, 1980. стр.1-40 (во коавторство со Д.Јеремиќ и Д.Каранфиловски).

71.     Социјалистичка Република Македонија, текст за туристичка карта на СРМ, на четири странски јазици. Стопанска комора на СРМ, Скопје, 1980. стр.1-6.

72.     Покрај бреговите на македонските езера, текст за едицијата Езера во Македонија, на четири странски јазици. Стопанска комора на СРМ. Скопје, 1980. стр.1-8.

73.     Дефинирање и диференцирање на ридско-планинските подрачја во СР Македонија. Зборник на трудови од републичкиот симпозиум “Природни и социогеографски проблеми на ридско-планинските подрачја во СР Македонија”. Скопје, 1981, стр.1-8

74.     Просторни аспекти во планирање на рекреативните површини. Географски разгледи, кн.19, Скопје, 1981, стр.29-41.

75.     Просторен план на општина Штип, секторска студија за туризам и рекреација. Институт за просторно планирање, Скопје, 1981, стр.1-62. (во коавторство со Д.Јеремиќ и Д.Векиќ)

76.     Просторни фактори за развој на туризмот во Кожувско-ниџескиот регион. Зборник на Географскиот факултет, Скопје, 1980, стр.

77.     Придонес на Александар Македонски за ширење на географските знаења. Географски видик бр.6, Скопје, 1980, стр.

78.     Просторен план на општината Струмица, секторска студија за туризам и рекреација, (во коавторство со О.Мандалова и А.Чипан). Институт за просторно планирање, Скопје, 1981, стр.1-40.

79.     Систематизација на туристичките просторни единици во СР Македонија по општини. Зборник на Географскиот факултет, кн. 1981, стр.79-96.

80.     Просторен план на општината Кочани, секторска студија за туризам и рекреација. Завод за урбанизам и станбено-комунална техника на СРМ. Скопје, 1981, стр.1-45.

81.     Комбиниран модел туристичке валоризације простора. Југословенско-бугарски географски семинар, Београд, 1982, стр.1-10.

82.     Значај туристичке географије за развој маркетинг концепције у туризму. Југословенски симпозиум за туристичку и саобраќајну географију. Опатија, 1982, стр.1-8.

83.     Просторен план на развој на туризмот во општина Кочани. Географски разгледи, кн.20, Скопје, 1982, стр.69-115.

84.     Белизија, нова независна држава во Средна Америка. Географски разгледи, кн.20, Скопје, 1982, стр.173-175.

85.     Туристички потенцијали и развој на туризмот на планината Бистра. Бистра И. МАНУ, Скопје, 1983, стр.167-212.

86.     Развој на туризмот и неговите импликации врз загадувањето на животната средина. Зборник од Југословенскиот симпозиум “Социо-географски и економско-географски проучувања и проблеми на животната средина, Скопје, 1983, стр.54-62.

87.     Регионализација и систематизација туристичко-просторних јединица у СР Македонији. Зборник  XI Конгреса Географа СФРЈ, Титоград, 1983, стр.266-271.

88.     The influece of the artificial lakes in SR Macedonia of migration. Geographical Transformation of Rural Areas, Proceeding of the 3-rd Yugoslav-Polish Geographical Seminar. Ljubljana, 1983, str.182-186.

89.     Појава, развиток и стопанско-географски карактеристики на пооделните индустриски гранки на територијата на денешна СР Македонија до почетокот на И Светска војна. Географски разгледи, кн.21-22. Скопје, 1984, стр.51-75.

90.     Стопански развиток на Радовиш. Радовиш и Радовишко. Собрание на општина Радовиш, Радовиш, 1984, стр.231-273.

91.     Територијална разместеност на планините и пасиштата во зоните на номадското сточарење во СР Македонија. Природни и социо-географски карактеристики на зоните на номадските и полуномадските сточарски движења во Македонија. МАНУ, Скопје, 1984, стр.9-25.

92.     Просторен план на општина М.Брод, секторска студија за туризам и рекреација. Институт за просторно планирање, Скопје, 1984, стр.1-38.

93.     Географска положба на Мариово. Мариово, природно-географски, социогеографски и стопанско-географски проучувања. Географски факултет, Скопје, 1984, стр.9-15.

94.     Шумарството во Мариово. Мариово, природно-географски, социо-географски и стопанско-географски проучувања. Географски факултет, Скопје, 1984, стр.309-320.

95.     Географска положба на Мариово. Мариово - природно-географски, социогеографска и стопанско-географски проучувања, Географски факултет. Скопје, 1984. стр.1-10

96.     Угостителство, туризам и туристички потенцијали во општина Делчево. Собрание на општина Делчево. МАНУ, Скопје, 1985, стр.23.

97.     Угостителство, туризам и туристички потенцијали во општина Берово. Собрание на општина Берово. МАНУ, Скопје, 1985, стр.26.

98.     Основни карактеристики на становите за одмор и рекреација и нивна концентрација по општини во СР Македонија. Зборник на Географски факултет, кн.29, Скопје, 1985, стр.167-180.

99.     Величина, структура и просторни размештај напуштених обрадивих површина у СР Македонији по општинама. Југословенски симпозиум за аграрну географију. Марибор, 1985, стр.1-12.

100.  Туристичките движења меѓу Републиките и Покраините во Југославија како посебен тип на миграции. Југословенски симпозиум за општествено-економските аспекти на миграционите движења во СФР Југославија. Струга, 1985, стр.1-14.

101.  Стање глацијалних језера у СР Македонији и потреба од њихове заштите. XII Конгрес географа Југославије. Нови Сад, 1985, стр.1-10.

102.  Урбанистички план на Гостивар, оддел туризам и рекреација. Собрание на општина Гостивар. Гостивар, 1985, стр.1-24.

103.  40 години високошколска и научно-истражувачка работа на Институтот за географија на Природно-математичкиот факултет. Годишен зборник на Институтот за географија. Кн.30. Природно-математички факултет, Скопје, 1986.стр.5-17.

104.  Урботуристичка анализа на туризмот во Гостивар до 2001 година. Географски разгледи, Кн.24, Скопје, 1986.стр.67-78.

105.  Република Зимбабве. Географски разгледи, Кн.24. Скопје, 1986. Стр.172-180.

106.  Заштита на глацијалните езера во СР Македонија. Републички завод за заштита на природни реткости. Скопје, 1986. (со Т. Петковски, Т. Андоновски и С. Станковски).

107.  Стратегија на долгорочниот развој на научните дејности во СР Македонија, состојба и оценки на научно-истражувачката работа во областа на географските науки за период од 1946 до 1985 година. Економски Институт, Скопје, 1986. (со Т. Андоновски).

108.  Модели у развоју туризма Југославије. Зборник XIII Конгрес географа Југославије. Приштина 1986.

109.  Прометните врски на СР Македонија со соседните држави и нивното значење за стопанско активирање на пограничните подрачја. Зборник радова са научног симпзиума Географски проблеми пограничних регија наше земље. Природно-математички факултет, Београд-Врање, 1987.

110.  Развој и денешни карактеристики на текстилната индустрија во СР Македонија. Географски разгледи, Кн.25. Скопје, 1987. Стр.41-65.

111.  Развој и денешни стопанско-географски карактеристики на енергетското стопанство во СР Македонија. Географски разгледи. Кн. 26, Скопје, 1988. Стр.27-53.

112.  Просторен план на општина Виница, секторска студија природни потенцијали. Мегапроект – Штип, 1988. Стр.1-40 (со М. Зиков).

113.  Положба и сообраќајна поврзаност на Козјачијата со Средорек. Потенцијални можности за развој на Козјачијата со Средорек. Природно-математички факултет, Институт за географија, Скопје, 1989.

114.  Индустрија, занаетчиство и туризам во Козјачијата со Средорек. Потенцијални можности за развој на Козјачијата со Средорек. Природно-математички факултет, Институт за географија, Скопје, 1989.

115.  Основни насоки за развој на Козјачијата врз база на поларизација на постојните потенцијали. Природно-математички факултет, Институт за географија, Скопје, 1989. (со М. Зиков и Љ. Миленковски).

116.  Туристичка понуда на СР Македонија на странскиот пазар и реализиран девизен приход од туризмот. Географски разгледи, Кн. 27. Скопје, 1989.

117.  Општествено-просторни фактори за развој на туризмот во СР Македонија. Општествените и економските фактори за развој и унапредување на туризмот во СР Македонија. Институт за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје, 1989.

118.  Етнички граници на Македонија и денешните гранични проблеми на СР Македонија. Универзитет “Кирил и Методиј”, семинар за македонски јазик, литература и култура, Скопје, 1990.

119.  Извозни можности на туризмот. Извозни можности на СР Македонија. Економски институт, Скопје, 1990.

120.  Можности за развој на туризмот на планината Пелистер. Пелистер комплексни географски истражувања. Природно-математички факултет, Институт за географија, Скопје, 1991.

121.  Валоризација и категоризација на природните вредности на Пелистер. Пелистер, комплексни географски истражувања. Природно-математички факултет, Институт за географија, Скопје, 1991. (со М. Зиков).

122.  Валоризација и категоризација на природнитте вредности на планината Галичица. Галичица, комплекссни географски истражувања. Природно-математички факултет, Институт за географија, Скопје 1991 (со М. Зиков).

123.  Еколошки аспексти на туризммот во СР Македонија. Можности за развој на туризмот во СР Македонија до 2000та година. Факултет за туризам и угостителство, Охрид, 1991.

124.  Туристичка сатурација како фактор за загадување на Охридското подрачје. Симпозиум за состојбите и перспективите за заштита на Охридското Езеро и неговиот простор. Охрид, 1991.

125.  Демографски процеси во Република Македонија во светлина на пописот од 1991 година. Универзитет „Кирил и Методиј”, семинар за македонски јазик, литература и култура. Скопје-Охрид, 1991.

126.  Валоризација на туристичките атрактивности кај одредени етнолошки специфичности во Охридско-струшкото подрачје за туристички цели. XXIV Конгрес на етнолозите на Југославија. Струга, 1991.

127.  Заштита на кањонот „Матка” како споменик на природата - Просторна разместеност и капацитет на опременост. Републички завод за заштита на природните реткости. Скопје, 1992, стр.1-10.

128.  Просторно-плански поставки за уредување на Дојранското крајбрежје, со посебен осврт на неговата заштита. Годишен зборник, ПМФ - Географија, Кн. 31-32, Скопје, 1993, стр.87-91.

129.  Стручноста како оценувачки критериум за надзорот,„Просветен работник”, Скопје, 1994, стр.117-118.

130.  Развој на индустријата во Република Македонија. Географски разгледи, кн.30. Скопје, 1995. Стр.31-41.

131.  Современи географски проблеми во развојот на Република Македонија - воведен реферат, зборник I Конгрес на географите од Република Македонија. Скопје, 1996. Стр.18-26.

132.  Природни предиспозиции за формирање на Сообраќајни коридори во Република Македонија - воведен реферат. И Меѓународен симпозиум на тема: Македонски сообраќајни коридори. Технички факултет, Битола. 1996. Стр.1-20.

133.  Анализа на условите, состојбите и тенденциите во научниот и технолошкиот развој на Република Македонија - Природно-математички науки. Економски институт - Институт за социолошки и политичко-правни истражувања. Скопје,1996 Стр.106-145. (во коавторство со И. Тодоровси).

134.  Глацијални езера на планината Јабланица “Географски разгледи”, кн.31. Скопје. 1996. Стр. 67-78.

135.  Процеси на преструктуирање во образованието „Просветен работник” бр. 823, Скопје, 1996.

136.  Република Македонија - Географија, ЦД-РОМ, „Мултимедија”, Скопје, 1997. Стр.1-94.

137.  Присуството на Медитеранските растенија како индикатор за одредување на максималниот опсег на изменетата медитеранска клима во Република Македонија. Влијанието на Средоземното Море врз климата на Република Македонија. Посебно издание. Куманово, 1997. Стр. 171-173.

138.  Gründzüge der Raumstruktur der Republic Mazedonien, Österreichisches OST-und Südeseuropa-Institut, Wien, 1998, str.1-26.

139.  Глацијални езера на планината Јакупица, Географски разгледи, кн. 32. Скопје.

140.  Туризмот како пол на развојот во просторното планирање. Меѓународен научен собир - перспективи и унапредување на планирањето и уредувањето на просторот. Охрид. 1998.

141.  Вероисповедната структура на населението во Република Македонија. Географски разгледи кн. 35. Скопје

142.  "Tourismus und Tourismuspotential Macedoniens", Sudosteuropa Studie 66: "Tourismus und Touristisches Potential in Sudosteuropa". München, Leipzig: Institut für Länderkunde Leipzig und dem Österreichischen Ost-und Südosteuropa-Institut (Wien) vom 15. bis 17.10..1998. p. 157 (in zusamenarbeit mit Prof. Mihailo Zikov und Riste Temjanovski).

143.  Ттуристичка валоризација на националниот парк Шар-Планина, Министерство за заштита на животната средина и просторното планирање. Скопје, 2000.

144.  Економско-географски процеси и промени во светот и Република Македонија. Економски факултет, Универзитет „Гоце Делчев“. Штип, 2011 (со Ристе Темјановски)

УЧЕБНИЦИ ЗА СРЕДНИ ШКОЛИ

  

145.  Сообраќајна и туристичка географија на Југославија, учебник за III клас на економските училишта, (во коавторство со Љ.Миленковски), Просветно дело, Скопје, 1976-прво издание и 1979-второ издание, стр.1-147.

146.  Основи на туризмот, за IV клас гимназија, Просветно дело, Скопје 1980. (со Д. Каранфиловски).

147.  Сообраќајна и туристичка географија, Просветно дело, Скопје, 1982. (со Љ. Миленковски).

148.  Географија за културолошка струка, Просветно дело, Скопје, 1989. (со Љ. Миленковски).

149.  Доктрини на географскиот материјализам. Студентски збор, Скопје, 1989, (со А. Селмани).

150.  Географија, за сите струки од средното усмерено образование, Просветно дело, Скопје 1990. (со Љ. Миленковски).

151.  Туристичка географија, за II година туристичко-угостителска струка, Просветно дело, Скопје, 1990.

152.  Географија за III година гимназија- Природно-математичка насока, Просветно дело, Скопје, 1994.

153.  Географија на Република Македонија за IV година гимназија, Просветно дело, Скопје, 1995, II дополнето издание, 1996 год.

154.   Економска географија за економска насока, Просветно дело, Скопје,   1996.

155.  Економска географија за III година, економска, правна и трговска струка, Медија принт Македонија, Скопје, 2012. (со Билјана Апостоловска-Тошевска)

  

УНИВЕРЗИТЕТСКИ УЧЕБНИЦИ

 

156.  Основи на туризмот, Универзитетски учебник, Просветно дело, Скопје, 1992.

157.  Регоионална воена географија на Република Македонија. Воена академија, Скопје 1999.

158.   Физичка географија на Република Македонија. Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Природно-математички факултет, Скопје, 2002, 1-311

159.   Социоекономска географија на Република Македонија. Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Природно-математички факултет, Скопје, 2005, 1-390.

160.   Географија на Република Македонија.Универзитет за туризам и менанџмент, Скопје, 2011. 1-566.

161.  Социоекономска географија на Република Македонија, второ дополнето издание,  Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Природно-математички факултет, Скопје, 2015 1-374 (со Билјана Апостоловска-Тошевска)

  

ГЕОГРАФСКИ КАРТИ

  

162.   Туристичка карта на СРМ (текст). Стопанска комора на СРМ, Скопје.

163.   Политичка карта на светот.„КартографиÔ”, Софија - “Просветно дело”, Скопје, 1996.

164.   Република Македонија. „Геокарта”, Београд,„ Просветно дело”, Скопје, 1996.

165.   Стопанска карта на Република Македонија. “Геокарта”, Београд - “Просветно дело”, Скопје.

166.  Геоморфолошка карта на СР Македонија Р=1:500.000. Природно-математички факултет, Скопје, 1988. (со Т. Андоновски и Д. Манаковиќ).

 

ЕНЦИКЛОПЕДИИ

  

167.  Енциклопедија Југославије, соработник и автор на 35 одредници. Лексикографски завод, Загреб, 1989.

168.  Македонска енциклопедија за деца. Соработник и автор на 60 одредници. “Нова Македонија”, Скопје, 1990.

169.  Општа Енцикопедија МИАН. Соработник и автор на 65 одредници, ., Скопје.

170.  Македонска Енциклопедија. Македонска академија за наука и уметност – Лексикографски центар, 1 – 2 том, редактор на тематско поглавје Географија и автор на 90 одредници. МАНУ, Скопје, 2000

 

НАУЧНИ ПРОЕКТИ

 

171.  Мариово. природно-географски, социогеографски и стопанско-географски проучувања (кaко раководител).

172.  Пелистер и Галичица, комплексни географски истражувања (како истражувач) СИЗ за наука на СРМ, Скопје

173.  Козјачија со Средорек, Собрание на Општина Куманово (како истражувач). ПМФ, Скопје.

174.  Заштита на Глацијалните езера во СР Македонија (како раководител) Републички завод за заштита на природните реткости, Скопје.

175.  Номадско и полунмадско сточарство во Македонија. (како истражувач) МАНУ Скопје.

176.  Малешево и Пијанец. (како истражувач). МАНУ, Скопје.

177.  Планина Бистра. (како истражувач). МАНУ, Скопје.

178.  Геоморфолошка карта на Република Македонија” (како истражувач). Министерство за наука, Скопје.

179.  Географска енциклопедија на Република Македонија”, (како истражувач). Министерство за наука, Скопје.

180.  Геоеклошки состојби и проблеми во североисточна Македонија. (како раководиттел). Министерство за наука, Скопје.

181.  „Просторен план на Република Македонија” - секторска студија: Развој на туризмот и организацијата на туристичките простори (како раководител). Министерство за урбанизам, градежништво и заштита на животната средина, Скопје.

 

Користена литература:

Даскаловски В. (2001): Проф. д-р Александар Стојмилов (по повод шеесет години од животот), Географски разгледи кн. 36, Македонско географско друштво

 

 Текстот го подготвил: проф. д-р Билјана Апостоловска Тошевска